Недела Прва на Великиот Пост (На Православието), Света Архиерејска Литургија во нас. Сењак– Штип
На 01 март 2026 година, Недела Прва на Великиот Пост (на Православието), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. Климент Охридски” во нас. Сењак – Штип. Пред крајот на Божествената Литургија, по благослов на Митрополитот г. Иларион, старешината на храмот “Св. Климент Охридски“, протоерејот Никола Митевски одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова. Потоа беа изнесени светите икони на средината од храмот, Митрополитот г. Иларион отслужи молебен, по што многубројниот верен народ се поклони и ги целиваше светите икони.

