Акатист на Пресвета Богородица во Кочани
На 06 март 2026 година, Петок од втората недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Кочанското Архиерејско Намесништво, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. Пресвета Богородице спаси нас!

