Акатист на Пресвета Богородица во Радовиш
На 27 февруари 2026 година, Петок од првата недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Радовишкото Архиерејско Намесништво, во храмот “Св. Троица” во Радовиш. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. Пресвета Богородице спаси нас!

