Литургија на Претходно Осветени Дарови во женскиот манастир “Св. Спиридон” во Злетово
На 25 февруари 2026 година, среда од Првата Недела на Великиот пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Литургија на Претходно Осветени Дарови во параклисот “Покров на Пресвета Богородица” при женскиот манастир “Св. Спиридон” во Злетово, метох на Лесновскиот манастир.

