Света Архиерејска Литургија во Карловац
На 14 февруари 2026 година, на покана од надлежниот Архиереј, Високопреосветениот Митрополит и Архиепископ Горнокарловачки г. Герасим, а по повод празникот на светиот маченик Трифун, Заштитник и Крсна слава на Митрополитот и Архиепископ г. Герасим, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион чиноначалствуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која сослужуваа и Епископот Осечкопољски и барањски г. Херувим, Епископот Јенопољски г. Никон, викар на Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј и повеќе свештенослужители и јеромонаси, во храмот посветен на “Светиот Николај Мирликијски Чудотворец” во Карловац. На Светата Литургија пригодна беседа произнесе Епископот г. Херувим, а по завршувањето на Литургијата Архиереите отслужија парастос за покој на душите на починатите и го благословија и пресекоа празничниот леб.

