На празникот Сретение Света Архиерејска Литургија во Лесново
На 15 февруари 2026 година, Недела месопусна и денот кога се прославува празникот Сретение на Господ Исус Христос; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

