Недела 33-та по Педесетница (по Богојавление) Света Архиерејска Литургија во Лесново
На 25 јануари 2026 година, Недела 33-та по Педесетница (по Богојавление), св. мч-чка Татјана, св. мч. Петар Авесаламит; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. На крајот од Божествената Литургија, со благослов од Митрополитот г. Иларион, Игуменот на Лесновската света обител о.Исак одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова. Бог се јави – Навистина се јави!

