На празникот Собор на свети Јован Крстител во н. Сењак – Штип
На 20 јануари 2026 година, кога се прославува празникот Собор на Свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско намесништво, во храмот “Св. Климент Охридски и Св. Петка” во нас. Сењак – Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова. Бог се јави – Навистина се јави!

