Богојавление – Водици во Штип
На 19 јануари 2026 лето Господово, кога се прославува големиот христијански празник Богојавление – Водици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, во Епархискиот соборен храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Литургијата, со благослов од Митрополитот г. Иларион, Архиерејскиот намесник протоереј-ставрофор Влатко Мирасчиев одржа пригодна беседа. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мостот кај детската градинка Астибо, каде Митрополитот г. Иларион изврши голем Богојавленски водосвет и го положи Светиот Крст во водите на реката Брегалница. Најсреќен од многубројните момчиња кои влегоа во студените води да го извадат Светиот Крст беше Јован Јованов од Штип. Бог се јави – Навистина се јави!

