Богојавление – Водици во Кочани
На 19 јануари 2026 лето Господово, кога се прославува големиот христијански празник Богојавление – Водици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши голем Богојавленски водосвет и го положи Светиот Крст во водите на Кочанска река од Крушарскиот мост во присуство на многуброен верен народ. Најсреќен од многубројните момчиња кои влегоа во студените води да го извадат Светиот Крст беше Марјан Заов од Кочани. Бог се јави – Навистина се јави!

