Прославен споменот на преп. Серафим Саровски во женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон”
На 15 јануари 2026 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на преп. Серафим Саровски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во параклисот посветен на “Свети Серафим Саровски и Свети Нектариј Егински” при женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј – Кочанско. На крајот од Светата Литургија со благослов од Митрополитот г. Иларион пригодна беседа одржа, Кочанскиот Архиерејски намесник, протоереј-ставрофор Станчо Ристов, а потоа Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.

