На празникот Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, Света Архиерејска Литургија на Пониква
На 14 јануари 2026 година, кога се прославува празникот Обрезание на Господ Исус Христос, св. Василиј Велики; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Кочанското Архиерејско намесништво, во манастирот ” Св. Василиј Велики” на Пониква – Осоговските Планини. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион ја прочита молитвата за благословување на новото 2026 лето Господово, а Архиерејскиот намесник на Кочанското Архиерејско намесништво, протоереј-ставрофор Станчо Ристов, со благослов на Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа. По Литургијата Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. Кумството за новото 2026 лето Господово со благослов од Надлежниот Митрополит г. Иларион го презедоа новите кумови г. Ратко Димитровски и г. Тони Тоневски. Честито и благословено новото 2026 лето Господово!

