Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик, Света Архиерејска Литургија во Кочани
На 08 јануари 2026 лето Господово, Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а Митрополитот г. Иларион го поздрави многубројниот верен народ со поздравот ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

