Рождество Христово – Божик, Света Архиерејска Литургија во соборниот храм во Штип
На 07 јануари 2026 година, кога Светата Православната Црква го празнува Рождеството Христово – Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а Митрополитот г. Иларион го поздрави многубројниот верен народ со поздравот ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

