Прославен споменот на светиот Наум во Лесново
На 05 јануари 2026 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на преп. Наум Охридски Чудотворец, преп. Нифонт Чудотворец; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот посветен на “Св. Наум Охридски” при Лесновскиот Манастир. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

