Празнична вечерна и храмова слава во Свети Николе
На 18 декември 2025 година, во навечерието на празникот на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, заштитник на Брегалничката Православна Епархија и на градот Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на “Светиот Николај Мирликиски” во градот Свети Николе. На крајот од вечерна, Митрополитот го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

