Света Архиерејска Литургија во Струмица
На 11 декември 2025 година, кога се прославува споменот на светите 15 Тивериополски свешт-мч-ци; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, а сослужуваа и Надлежниот Митрополит Струмички г. Наум, Епископот Шабачки г. Јеротеј – СПЦ, Епископот Стобиски г. Јаков и бројно монаштво и свештенство, во храмот посветен на “Св. 15 Тивериополски свешт-мч-ци” во Струмица. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.

