Света Архиерејска Литургија во чест на Патронот и Заштитникот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски
На 08 декември 2025 година, кога го прославуваме празникот на Свети Климент Охридски, заштитник на древната Охридска Архиепископија и Македонската Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и свештенослужители на МПЦ – ОА, во Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје. На крајот од Литургијата, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф одржа пригодна и боговдахновена беседа. На Светата Литургија присуствуваше Претседателката на Р. Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова и многуброен верен народ.

