Празнична вечерна богослужба во чест на патронот и заштитникот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски
На 07 декември 2025 година, во навечерието на празникот на Свети Климент Охридски, патрон и заштитник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот “Свети Климент Охридски” во нас. Сењак, Штип. На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

