Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Света Архиерејска Литургија во Свети Николе
На 04 декември 2025 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Света Лидија Македонска” во Свети Николе. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

