Света Архиерејска Литургија и Јубилеј 13 години од осветувањето на манастирскиот храм “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица
На 24 ноември 2025 година, Недела 24-та по Педесетница, св. ап-ли Олимп, Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар, Терциј и Јубилеј 13 години од осветувањето на манастирскиот храм “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирскиот храм “Св. вмч. Георгиј”, ктиторско дело на ктиторот г. Николајчо Николов и неговото семејство, во с. Ораовица, радовишко. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и му даде благослов на новоизбраниот градоначалник на општина Радовиш, г. Љупче Почивалец, посакувајќи му успешна работа, развој и благосостојба на градот Радовиш и општината.

