Света Архиерејска Литургија во Штип, нас. Железничка
На 22 ноември 2025 година, кога се прославува споменот на светиот Нектариј Егински, преп. Матрона, преп. Јован, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на “Светиот Иларион Мегленски и Светиот Нектариј Егински” во градот Штип, нас. Железничка. Пред почетокот на Литургијата, Митрополитот г. Иларион донесе мошти од светиот Нектариј Егински, а свештенослужителите и верниот народ се поклонија на истите. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. А по завршувањето на Божествената Литургија, Митрополитот отслужи и акатист кон светиот Нектариј Егински, пред неговата света икона насликана од монахињите при манастирот во Егина, просејќи ги неговите молитви и застапништво пред Семилостивиот Бог.

