Света Архиерејска Литургија и храмова слава во Виница
На 21 ноември 2025 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот Собор на свети Архангел Михаил, св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

