Света Архиерејска Литургија во Кочани
На 16 ноември 2025 година, Недела 23-та по Педесетница, обнов. на храмот на св. вмч. Георгиј во Лида – Ѓурѓиц; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Вмч. Георгиј” во Кочани. Пред почетокот на Литургијата, Митрополитот г Иларион изврши освет на новиот фрескоживопис во олтарот и припратата при храмот “Св. Вмч. Георгиј” и на иконите добиени на подарок од Рилскиот манастир – БПЦ, а насликани од јеромонахот Павел. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и во таа прилика му подари граден крст на Архиерејскиот намесник на Кочанското намесништво, протоереј-ставрофор Станчо Ристов од Кочани, по повод 40 години свештеничка служба, и му посака многу здравје, долг живот и уште многу години ревносно да му служи на Бога. Додели и Благодарница на јеромонахот Павел од Рилскиот манастир – БПЦ, за насликаните и подарени икони за храмот Св. Вмч. Георгиј и за верниот народ во градот Кочани.

