Прославен споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан во храмот при Клиничкиот центар во Штип
На 14 ноември 2025 година, кога се прославува споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. бесребреници Козма и Дамјан” кој се наоѓа во дворот на Клиничкиот центар во Штип. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот одржа пригодна беседа, а потоа изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

