Празнична вечерна богослужба во Ново Село, Штип
На 07 ноември 2025 година, во навечерието на празникот на светиот великомаченик Димитриј Мироточив, Солунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во храмот посветен на “Св. Вмч. Димитриј” во Ново Село, Штип. На крајот од вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

