Торжествено прославен празникот на светиот апостол и евангелист Лука во Виница
На 31 октомври 2025 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на светиот апостол и евангелист Лука; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Осечкопољски и барањски г. Херувим – СПЦ, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители од СПЦ и МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на “Светиот апостол и евангелист Лука” во Виница. На крајот од Литургијата пригодна беседа произнесе Епископот г. Херувим, а Митрополитот г. Иларион го одликуваше г. Орце Манасиев од Виница со орден “Св. Николај” и додели Благодарница на Црковното Настојателство при храмот “Св. Ап. и Ев. Лука”. По завршувањето на Литургијата, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб и извршија освет на новоизградената камбанарија при храмот “Св. Ап. и Ев. Лука”. Нека е честито и од Бога благословено!

