Празнична вечерна во Виница
На 30 октомври 2025 година, во навечерието на празникот на светиот апостол и евангелист Лука, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од виничкото Архиерејско намесништво, отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот “Св. ап. и ев. Лука” во Виница. На Вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион, го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

