Работна средба со градоначалникот на градот Штип
На 22 октомври 2025 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во просториите на Митрополијата при соборниот храм “Св. Николај” во Штип, оствари работна средба со градоначалникот на градот Штип, г. Иван Јорданов. Во оваа прилика Митрополитот г. Иларион, на г. Иван Јорданов, му го честиташе изборот за втор мандат градоначалник на Штип и го благослови посакувајќи му успешна работа, развој и благосостојба на градот Штип.

