НЕКРОЛОГ
На 25 октомври 2025 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши опело над новоупокоениот ереј Димитар Пешов од с. Крушево, виничко, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Успение на Пресвета Богородица“ во с. Драгобраште, виничко. Ерејот Димитар Пешов е роден 01.03.1942 година во благочестиво семејство во с. Пеклани, виничко. Основното образование го завршува во училиштето “Љупчо Сантов” во с. Пеклани. Стапува во брак со г-ѓа Полизена, од кој брак ќе се родат три рожби, две керќи и син. Во 1968 година заминува во Штип каде успешно ја завршува припремата за свештеник. Во ѓаконски чин е ракоположен на 03.06.1972 година, а на 11.06.1972 година е ракополежен во свештенички чин од тогашниот надлежен Митрополит Злетовско-струмички г. Наум. На 01.07.1973 година е поставен за парох во Свети Николе, а на 01 ноември истата година е поставен за парох во с. Драгобраште. На 15.01.1978 година, од тогашниот надлежен Митрополит Злетовско-струмички г. Ангелариј е поставен за парох во с. Блатец, а на 01 април истата година, пак е вратен како парох во с. Драгобраште, каде останува се до своето пензионирање на 31.12.2006 година. На 23 октомври 2025 година се упокои во Господа. Нека му е блажен и вечен споменот и семилостивиот Бог да му дарува царство небесно. Вечнаја памјат!

