Четириесетдневен помен за покој на душата на новопочинатиот раб Божји Душко Чифлиганец
На 12 септември 2025 година, со благослов од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а на покана од семејството Чифлиганец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши помен за покој на душата на новопочинатиот раб Божји Душко Чифлиганец, во сослужение на свештенослужители од Скопската и Брегалничката епархија. Вечнаја памјат и царство небесно да му дарува семилостивиот Бог.

