Света Архиерејска Литургија во манастирот Беркасово, Сремска епархија, СПЦ
На 11 септември 2025 година, на празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител и Претеча, во Сремската епархија, СПЦ, а со благослов од Надлежниот Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Сремски г. Василиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион од МПЦ-ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од СПЦ, во манастирот посветен на “Св. Петка” во Беркасово, Србија, каде Игуманија е мати Анисија со нејзиното сестринство.

