Света Архиерејска Литургија во Лесново
На 07 септември 2025 година, Недела 13-та по Педесетница, пренос на моштите на св. ап. Вартоломеј; св. ап. Тит; св. Едески исповедници; св. Мина, патријарх Цариградски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир. На крајот од Литургијата, со благослов од Митрополитот г. Иларион, игуменот на Лесновската света обител, отец Исак, одржа пригодна беседа.

