Празнична вечерна во Бихачко-петровачката Епархија, СПЦ
На 09 септември 2025 година, на покана и благослов од Бихачко-петровачкиот Епископ г. Сергеј, а по повод празникот на Рмањските новомаченици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирскиот храм “Св. Николај” во Рмањ, Босна и Херцеговина. На крајот од вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието.

