Успение на Пресвета Богородица – Света Архиерејска Литургија во Пробиштип
На 28 август 2025 година кога Светата Православна Црква прави спомен на Успението на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Пробиштип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

