Успение на Пресвета Богородица – Празнична вечерна во Ново Село, Штип
На 27 август 2025 година во навечерието на големиот празник посветен на Успението на Мајката Божја – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип. На вечерната богослужба беше изнесена Плаштаницата на Успението и беше поставена на средината од храмот. Митрополитот г. Иларион, го благослови и пресече петолебието, а потоа се испеаја Статиите на Успението на Пресвета Богородица и се направи Литија со Плаштаницата. На крајот од вечерната, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

