Со Празничната вечерна богослужба започна чествувањето на светиот Спасо Радовишки, заштитникот на градот Радовиш
На 20 август 2025 година, во навечерието на празникот на светиот Спасо Радовишки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. На вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. По вечерната богослужба со иконата на светиот Спасо Радовишки се изврши литија до параклисот посветен на “Св. Спасо Радовишки”, кој се наоѓа на плоштадот во Радовиш, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи молебен, а во присуство на многуброен верен народ. Потоа Митрополитот г. Иларион присуствуваше на концертот на Староградски песни, по повод празникот на градот Радовиш, кој се одржа на плоштадот “Св. Спасо Радовишки”.

