Прославен празникот на светиот новомаченик Спасо Радовишки
На 21 август 2025 година, кога се прославува споменот на светиот новомаченик Спасо Радовишки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а потоа го благослови и пресече празничниот леб.

