Одбележан Денот на Армијата на Република Македонија
На 18 август 2025 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион присуствуваше на свеченоста по повод Денот на Армијата на Република Македонија организирана во касарната “Јане Сандански” во Штип. На свеченоста присуствуваа претседателката на Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот г. Христијан Мицкоски, претседателот на собранието на Македонија г. Африм Гаши, министерот за одбрана г. Владо Мисајловски и многу други државни и воени претставници и претставници од јавниот сектор.

