Света Архиерејска Литургија во Виница
На 10 август 2025 година, Недела 9-та по Педесетница, пренесување на моштите на св. Климент Охридски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Ап. и Ев. Лука” во Виница. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот изврши освет на ѕвоната и куполниот Крст за новата камбанарија при храмот “Св. Ап. и Ев. Лука” и го благослови и пресече празничниот леб.

