Манастирска слава при женскиот манастир “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско
На 09 август 2025 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на св. вмч. Пантелејмон и на св. Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Богослужба во женскиот манастир посветен на “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, во чин чтец го произведе г. Дени Нешков од с. Нивичани, кочанско, а за време на Литургијата во чин протоереј беше произведен свештеникот Димитар Арсовски од Кочани. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

