Празнична вечерна богослужба во женскиот манастир “Св. вмч. Пантелејмон” – с. Пантелеј, кочанско
На 08 август 2026 година, во навечерието на празникот посветен на светиот великомаченик Пантелејмон и на светите Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот посветен на “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. На крајот од вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

