Празнична вечерна богослужба во с. Мечкуевци, светиниколско
На 07 август 2025 година, во навечерието на празникот на преподобната маченичка Параскева (Петка) Римјанка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на “Св. Параскева – Петка” во с. Мечкуевци, светиниколско. На крајот од вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

