Празнична вечерна богослужба и монашки потстриг во женскиот манастир “Св. вмч. Пантелејмон” – с. Пантелеј, кочанско
На 08 август 2025 година, во навечерието на празникот посветен на светиот великомаченик Пантелејмон и на светите Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот посветен на “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. За време на вечерната богослужба сестрата Руска прими монашки потстриг (мала схима) и го доби името Февронија, потстригот го изврши Надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На крајот од Празничната вечерна, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

