Света Архиерејска Литургија и храмова слава во с. Ранченци
На 20 јули 2025 година, Недела 6 по Педесетница, св. вмч-чка Недела, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Недела” во с. Ранченци, светиниколско. Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион изврши освет на фрескоживописот во храмот “Св. Недела”, а на крајот од Божествената Литургија, Митрополитот одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

