Света Архиерејска Литургија и Храмова слава во с. Чифлик, кочанско
На 03 јули 2025 година, кога го чествуваме споменот на преподобниот Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. Наум Охридски” во с. Чифлик, кочанско. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

