Празнична вечерна и освет на камен-темелник во с. Караорман
На 02 јули 2025 лето Господово, во навечерието на празникот на светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско намесништво, во храмот “Св. Наум Охридски” во с. Караорман, штипско. На крајот од вечерната, Митрополитот го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. По вечерната богослужба Митрополитот г. Иларион изврши и освет на камен-темелник за изградба на камбанарија при храмот “Св. Наум Охридски” во с. Караорман, штипско.

