Недела Трета на Великиот пост (Крстопоклона) во Радовиш
На 23 март 2025 година, Недела Трета на Великиот Пост (КРСТОПОКЛОНА), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Радовишкото Архиерејско намесништво, во храмот “Св. пр. Илија” во Радовиш. Пред почетокот на Светата Литургија беше изнесен Светиот Крст и поставен на средината од храмот. На Светиот Крст најнапред се поклони Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа свештенослужителите и многубројниот верен народ. На крајот од Божествената Литургија, по благослов од Митрополитот г. Иларион, пригодна беседа произнесе Архиерејскиот намесник на Радовишкото Архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Марјан Јанковиќ, а потоа Митрополитот г. Иларион, изврши трисагија за покој на душите на прерано починатите во трагичниот настан во Кочани.

