Акатист на Пресвета Богородица во Свети Николе
На 21 март 2025 година, Петок од Третата Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Свети Николе, во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието. По Акатистот Митрополитот изврши помен за покој на душите на сите настрадани и прерано починати од трагичната несреќа во Кочани и одржа пригодна беседа.

