Во Првата Недела на Великиот Пост (На Православието) Света Архиерејска Литургија во нас. Сењак – Штип
На 09 март 2025 година, Недела Прва на Великиот Пост (на Православието), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Високопреосветениот Мотрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенослужители на МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Василиева Литургија, во храмот “Св. Климент Охридски” во нас. Сењак – Штип. На Божествената Литургија чиноначалствуваше и пригодна беседа произнесе Митрополитот г. Јосиф. Потоа беа изнесени Светите Икони на средината од храмот, Архијереите отслужија молебен, по што многубројниот верен народ се поклони и ги целиваше Светите Икони.

